QUANT 48 VOLT

Published by admin on

 

Германската компанија „Nanoflow Cell” на Саемот за автомобили во Женева, претстави елегантен изглед на целосно електричен „Quant 48Volt”, со цел компанијата да го донесе првиот автомобил во светот што се напојува со солена вода.
„Quant 48 Volt” има два резервоари течност со растворена метална сол што им дава спротивни полнења. Течноста е одвоена со мембрана каде позитивно наелектризираните јони ослободуваат електрони, кои создаваат електрична енергија.
Едно полнење на резервоарите е доволно за возење до 1000 км, што зачудувачки е толку поголемо растојание отколку што можат бензинските возила. Меѓутоа, за да се наполни резервоарот кој има тројно поголем капацитет отколку тој од голем џип, за негово полнење потребно ќе биде дополнително време, но сепак не е тоа со часови.
Автомобилот работи на еколошки био – јон, што се електролитски течности кои се апсолутно нетоксични и незапаливи. Една од најдобрите вести е дека био – јон ќе чини само 0.083 евра за литар.
Најважното прашање е дали оваа технологија ќе биде усвоена од голем број на производители на автомобили за да можеме да имаме станици за полнење на електролитски течности.
Возилото напојувано од солена вода генерира 560kW (760HP), Максимална брзина 290 км/ч и поминува од 0-100 км / ч за 2,4 секунди.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *