Порто Рико ќе инсталира 75% соларна енергија на своите покриви

Published by admin on

Инсталирањето на системи на соларна енергија и нејзино складирање на секој дом во Порто Рико, плус инсталација на комерцијалните локации, може да обезбеди 75% од електричната енергија на територијата до 2035 година.
Инвестициите ќе бидат поддржани со 9,6 милијарди долари од фондовите за реконструкција на мрежата на Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА).
Парите беа доделени како финансиска помош настаната од штетата на мрежата предизвикана од ураганите Ирма и Марија во 2017 година и се очекува наскоро тие да бидат распределени.
Со инсталирање на соларни покриви на куќите може да се достигне 2,7 GW, заедно со 2,5 GW на комерцијалните локации, ќе бидат како надградби на постојниот дистрибутивниот систем.
Предложеното сценарио за соларни системи од 75% покажува дека нема потреба од ново производство на фосилни горива или за претворање на постојните единици во природен гас. Сценариото, исто така, ќе ја зајакне еластичноста во идните урагани, ќе ги намали трошоците за фосилни горива и нема да бара инвестиции во преносот.
Ако биде поддржано со федерални фондови, соларното сценарио на покривот ќе даде просечни трошоци за електрична енергија од 15 центи на kWh, наспроти 21 цент на kWh како што е сега.
Сценариото од 75% ќе ги надмине стандардите на Порто Рико со закон 17-2019, според кој ПРЕПА (дистрибутивна компанија), треба да добие 20% од својата електрична енергија од обновливи извори до 2022 година, 40% до 2025 година, 60% до 2040 година и 100% до 2050 година.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *