Огромните предности на агросоларните системи

Published by admin on

Белгиски истражувачи тестираат производство на агроволтаична енергија со пилот проект во Бирбек – Фландрија, со специјално дизајнирани сончеви панели со транспарентни задни страни и стапка на ефикасност на модулите од 21%.
Системот е дизајниран за да ја демонстира можноста за агроволтаици во Белгија.
Соларните модули кои се специјално дизајнирани, се поставени на висина од 4,6 м, врз основа на висината на машинеријата што се користи во процесот, а воедно служат и како заштита од градобијни врнежи.
За потполна ефикасност потребно е да се пресмета потребното производство на енергија и распростирањето на светлината врз растенијата и плодовите.
Мора да постои сооднос помеѓу нивото на транспарентност и моќноста на фотоволтаиците, каде што при повисоките нивоа на транспарентност ќе резултираат со помала густина на фотоволтаиците и обратно пропорционално. Оваа комбинација со потребните нивоа и соодноси на транспарентност неопходен за растот на земјоделските култури, го објаснува сложениот дизајн на поставување на агроволтаичните системи.
Следејќи ги правилата од инженерството за биолошки науки, со овој систем може да се следи микроклимата, температурата, влажноста и евентуално преку ноќниот период со LED RGB технологија да се одбери светлосна боја соодветна за конкретната култура, затоа што сите растенија за својот развој реагираат различно на различни температури на бои.
За оддалечените плантажи каде не е достапен приклучок од енергетската мрежа, со помош на енергетски батерии системот може да функционира потполно независен.
Македонија располага со перфектни метеоролошки услови во однос на Белгија, каде користејќи ваков систем може преку годината да се одгледуваат 3-4 различни култури и приноси.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *