Огромен соларен систем во Дизниленд – Париз

Published by admin on

Соларен систем од 17 MW се очекува да покрие околу 17% од потребите за електрична енергија на тематскиот парк ДИЗНИЛЕНД, кој се очекува да биде комплетиран до 2023 година.
Системот се очекува да генерерира 31 GWh електрична енергија на годишно ниво и во голема мера ќе придонесе за намалување на емисиите на штетните стакленички гасови во регионот.
Во проектот ќе бидат инсталирани 67.500 соларни панели на површина која се протега на 17 хектари.
Кога ќе се пушти системот во функција ќе биде осветлен во форма на главата на Мики Маус, видлив од птичја перспектива.
Фотоволтаиците воедно ќе ги заштитуваат возилата на посетителите од временските влијанија, а геотермалната енергија преку топлината и пареата природно присутни во земјата, ќе ги покријат потребите за греење на Дизни парковите, како и хотелот Дизниленд.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *