Новите згради во Берлин ќе мора да имаат покривни соларни системи од 2023 година

Published by Zoran Mitreski on

Државниот парламент на Берлин усвои закон со кој се воведува обврска за инсталирање на фотоволтаични системи за сопствениците на сите нови приватни згради и оние чии покриви ќе бидат реконструирани. Регулативата стапува на сила од почетокот на 2023 година.
По повеќемесечни преговори, Претставничкиот дом во Берлин усвои регулатива со која се отвора патот да достигне учество на сончевата енергија во потрошувачката на електрична енергија од 25 проценти што е можно поскоро. Од 2023 година, фотонапонските системи ќе треба да опфаќаат најмалку 30 проценти од површината на сите нови згради со корисна површина од над 50 квадратни метри.
Локалните власти исто така работат на ставање крај на употребата на тврд јаглен најдоцна до 2030 година, додека лигнитот беше отфрлен уште во 2017 година.
Новиот стандард за станбени згради е најмалку два киловати за едно или две домаќинства, три киловати за три до пет единици и шест киловати за шест до десет станови. Законот исто така опфаќа и нерезиденцијални згради.
Наместо фотоволтаични кровни системи, ќе биде можно да се инсталираат соларни термални панели или да се инсталираат соларни панели за производство на електрична енергија на фасадата, а одобрено е исклучување на историски градби каде што ваков проект е технички неизводлив, како и покриви со ориентација кон север.
Неодамна донесените регулативи вклучуваат казни од 5.000 до 25.000 евра за станбени и до 50.000 за нерезиденцијални згради.
Консултација, Проектирање, Изведба и Одржување на Соларни Системи
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *