Норвешка со регистрирани 54% електрични возила во 2020 година

Published by admin on

 

За прв пат во човештвото, на пазарот во Норвешка се забележа поголема продажба на електрични возила во споредба со автомобилите со мотори со внатрешно согорување.
Во 2020 година, 54% од продажбата на нови автомобили во земјата паѓа на чисто електрични возила.
Меѓу останатите 46% најголем удел имаат хибридните со 20%, проследено со конвенционалните хибриди 9%, дизелите 9% и бензиските автомобили одвај 8%.
Во 2019 год. електричните автомобили успеаја да зафатат удел од 42% а само пред дестина години овој тип на автомобили регистрираше само 1% учество во вкупната продажба во земјата.
Во 2021 год. планот е да се достигне нивото до 65%, а до 2025 год. електричните возила треба да го освојат целосно 100% пазарот во оваа земја.
„Нашата прелиминарна прогноза е дека електричните автомобили ќе надминат 65% од пазарот во 2021 година. Ако се справиме со ова, целта да се продаваат само автомобили со нулта емисија од 2025 година ќе биде реално остварлива“, изјави Кристина Бу за Ројтерс, кој е предводник на Норвешката асоцијација за електрични возила, во обид да стане првата земја што ќе престане да продава бензиски и дизел автомобили после 2025 година.
За да се достигне овој план, Норвешка целосно ги ослободува електричните возила од данок.
За да се постигне вистински ефект за чист еколошки воздух, потребно е взаемно разбирање на проблемот од страна на сите граѓани, функционери и институции за практично решавање на ситуацијата а не само декларативни изјави дека убаво би било кога би било!
За здравјето и нашиот живот решаваме само ние а институциите треба да ни бидат само алатка за да ја реализираме таа цел!
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *