Најголем фотоволтаичен систем изведен на деловен објект

Published by admin on

PVH Europe, глобалното седиште на TOMMY HILFIGER и CALVIN KLEIN, и двете во директна сопственост на корпорацијата NYSE PVH, изведе инсталирање на најмоќниот оперативен соларен покрив на неговиот најсовремен магацин и логистички центар во Венло – Холандија, со инсталирана моќ од 18 MWp, на покривна површина од 110,000 m2.
Системот е создаден на повеќе од 48.000 соларни панели со високи перформанси кои обезбедуваат 100% од целата енергија за магацините, канцелариите и продавниците на PVH Europe, преку холандската јавната енергетска мрежа.
Во моментов до 600,000 парчиња производи од овие брендови се дистрибуираат на дневна основа од PVX Europe магацинот и логистички центар од Венло, до продажните места на Блискиот Исток, Африка итн. директно до клиентите.
PVH е членка на RE100, корпоративна иницијатива за обновлива енерија, која се обврзува да набави 100% од својата електрична енергија од обновливи извори до 2030 година.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *