Над 12.000 години стари подземни тунели ја поврзуваат Турција со Шкотска

Published by Zoran Mitreski on

 
  Подземна тунелска мрежа постара од 12.000 години, што ја поврзува Турција со Шкотска неодамна беше откриена од германскиот археолог Хајнрих Куш.
За ова откритие Куш ја напишал книгата „Тајните на подземјето“ во античкиот свет и како што изгледа неопходно ќе биде да се направи ревизија на целата античка историја.
Всушност, мрежа од подземни тунели е откриена низ цела Европа, некои од нив се откриени под Ла Манш а други под Медитеранското море.
Овие тунели биле датирани од периодот на неолитот, но тие не можеле да одредат според која цивилизација и за каква цел биле градени.
Археолозите кои имаат направено студии за овие тунели веруваат дека се користени како засолништа, но не може да утврдат против каква опасност.
Тунелите имаат висина од 70 см, на некои места тие се поголеми, а на други се помали и има многу простории што имаат посебни места за ламби со масло.ж
Не е познато како неолитските градители го решиле проблемот со циркулацијата на воздухот низ овие тунели. Исто така не е познат точниот датум на изградба или користените технологии.
Многу од овие тунели водат до големи подземни галерии, галерии што постоеле и во некои антички историски монументи, цркви, гробишта, стари фарми, па дури и низ разни локации во средина на шумите.
Овие тунели биле изградени од антички експерти кои користеле специјални техники за правење тунели и галерии со силни и безбедни sидови.
КОНСУЛТАЦИЈА, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗВЕДБА И ОДРЖУВАЊЕ НА СОЛАРНИ СИСТЕМИ
Контакт: 075 480 380
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *