Можност за јавно кофинансирање во фотоволтаични системи

Published by admin on

Холандската соларна фарма Будел од 44 MW е развиена во соработка со провинцијата Норд-Брабант и заедницата Кранендонк изградена е на земјиште што претходно го користеше топилницата за цинк Нирстар.
Скоро 100 жители на Холандија инвестираа со свои средства во дел од изградбата на оваа соларна фарма, како дел од успешната кампања за финансирање на народот, која фарма обезбедува чиста енергија на еквивалент од 12.500 домови, откако беше поврзана со мрежата во ноември минатата година.
Ваков вид на инвестиција е многу ефективен со тоа што на секои 6 месеци во период од 5 години ќе добиваат исплати и камати за нивниот придонес.
Ваквиот начин на взаемно инвестирање со пошироката јавност го создава јавниот апетит за позитивни инвестиции кои даваат добри финансиски приноси, а истовремено имаат корист на општеството и заедничката животна средина.
Дали е ова можност и во наши услови, наоѓање начин за физичките лица кои се делумно обесправени со новиот Закон за Енергетика во однос на рамноправност со правните лица, да можат да се пронајдат како коинвеститори во поголеми соларни фарми.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *