Масовно гасење на нуклеарките во корист на обновливата енергија

Published by admin on

Шведската влада одлучи да се посвети во масовно проширување на сите системи кои произведуваат чиста енергија, со намера во следната деценија да ја постигнат целта со користење на 100% чиста еколошка енергија.
Владата има амбициозна цел да со комбинацијата на хидро, ветар и соларни системи ги комплетира целокупните свои потреби од електрична енергија.
Во овој момент овие системи претставуваат 55% од вкупно произведената енергија а до 2030 год. соодносот да биди 70-100%.
Постојните фотоволтаични системи засега се многу мали во однос на реалните потреби и во скоро време ќе се градат што повеќе и поголеми системи, а со тоа се креира ситуација да се затворат што повеќе нуклеарни централи, кои добар дел од нив ќе бидат исклучени до крајот на 2020 год. а последните 6 големи реактори треба да претрпат процес на разложување на нуклеарното ниво во текот на следната деценија.
Комплетната замена со затворањето на нуклеарните централи се предвидува да се премости со масивно проширување на сегашната генерација на системите на ветар и солар заради нивната економична природа и брзината на инсталацијата.
Categories: Сите