Комбинација на соларни и ветерни системи во заедничка енергетска мрежа

Published by admin on

Швајцарскиот Смартволт разви специјален систем за монтирање, што го олеснува брзото распоредување на мали PV-системи поставени на земја, во основата на ветерните турбини.
Експертите се согласуваат дека сончевата PV и енергијата на ветерот се подеднакво потребни за поддршка на енергетската транзиција. Двете технологии ретко се наоѓаат на исто место, но ова може да се промени во иднина.
Компанијата сега работи на заеднички проект со германската фирма специјализирана за ветерници Вестфален Винд, кои изведоја иновативен пилот-проект од 96,8 kW на местото за паркирање, веднаш до ветерната турбина..
Со иновативниот проект кој е специјално патентиран за оваа намена за моќ од 1 kW систем, може да се монтира металната подконструкција за само три минути и да се расклопи за околу 6 минути, во случај ако е потребен простор за сервисирање и одржување на ветерната електрана.
Поради софистицираноста на денешната технологија за соларни и ветерни системи, сервисирањето се очекува да биде само еднаш на секои 20 години.
Двете компании ги гледаат предностите на оваа комбинација бидејќи техничката инфраструктура за поврзување на PV системот со мрежата преку ветерната турбина е веќе воспоставена.
Покрај тоа, нема дополнителни барања за простор за изградба на ваков дополнителен систем.
Годишниот принос на PV системот е околу 85,000 kWh, што може да покрие околу две третини од сопствените побарувања на ветерната електрана годишно.
Реалната потреба од електрична енергија е околу 96,000 kWh која обично се генерира од самата турбина на ветер.
Локалниот оператор на мрежата се согласи да го одобри овој PV проект, како класичен систем за комплетно задоволување на своите потреби од електрична енергија. Секогаш кога не се врти турбината на ветер, сопствените потреби за електрична енергија можат да бидат добиени од фотоволтаиците, што гарантира дека во комбинација со генераторот на ветер електраната е значително попрофитабилна, при што значително се намалуваат генералните трошоци и го прават целокупниот проект економски попривлечен.
При ваква монтажа PV систем не смее да биде ориентиран север – југ, поради слабата ефикасност добиена од северната страна, туку исклучиво да биде исток – запад.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *