Кога невозможните нешта стануваат возможни

Published by admin on

Кога станува збор за обновлива енергија, соларните панели се одлично решение.
Нивната ефикасност е толку подобрена а нивните трошоци се спуштија до точка каде што е изводливо секој дом да се префрли на соларна енергија и да се заштедат сериозни пари во тој процес.
Облачните денови претставуваат вистински проблем за соларните системи, но со новата иновација АуРЕУС, УВ светлина може да се претвори во енергија дури и ако сонцето не грее.
На овие панели не им треба сонцето за производство на енергија.
Новиот концепт го измислил Карви Ерен Маигу, студент по електротехника во Филипини.
Во неговиот систем е вклучена комбинација на органски луминисцентни честички кои апсорбираат УВ светлина, кои ја претвораат во видлива светлина преку соларен филм, а потоа таа светлина ја претвора во електрична енергија.
Пронајдокот неодамна беше избран за добитник на првата награда за енергетска одржливост од 1.800 учесници пријавени од 30 земји и доби награда од 35.000 американски долари.
Маигу го развил системот со претворање на отпад од култури на овошје и зеленчук во луминисцентен материјал што може да ја претвори УВ светлина во енергија.
Мешајќи го со смола и обложувајќи го со соларен филм, тој создаде панели слични на стакло, кои можат да произведат изненадувачка количина на електрична енергија, а според него овие панели можат да прозведат доволно енергија за сите заеднички комунални потреби.
Флексибилноста на материјалот ќе им овозможи на дизајнерите да ги интегрираат формите што создаваат ел. енергија во скоро секој дизајн.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *