Кинеските производители постигнуваат нови светски рекорди

Published by admin on

Новиот соларен модул претставен од кинескиот производител JA SOLAR со моќ од 800 W, моментално најмоќниот соларен панел на светскиот пазар, беше претставен на SNEC PV Power Expo во Шангај.
Панелот наречен Jambo Blue, има четири групен и четири реден распоред со 47 ќелии и димензии на модулот од 2,220 x 1,757 мм. со коефициент на ефикасност скоро до 25%.
Овој панел користи дизајн на ќелии со тројно сечење со 11 шини и ќелии од 210 мм.
Од овој панел може да се добие моќност на излезот 800 W, али сеуште не е даден за масовно производство.
На саемот меѓу другите беше претставен и модул од 780 W од Tongwei и модулот од 660 W од Trina Solar.
Tongwei, најголемиот кинески производител на ќелии, ја претстави својата серија на G12 модули со излезна моќност од 760 – 780 W. Серијата исто така e базирана на технологија на ќелии од 210 мм и мулти-шина (MBB). Со димензии од 2,357 x 1,612 мм вкупната тежина е 39 кг. И оваа серија не е пуштена во масовно производство.
Trina Solar ја претстави својата верзија на 660 W под име Девекс, кој ги има истите карактеристики и спецификации како панелите Вертекс 600 W што ги лансираше во средината на јули 2020 година, но со системско оптимизирање.
Панелот е базиран со ќелии од 210 мм, технологија МВВ и интерконекција со висока густина.
Во овој момент постојат над 20 производители кои располагаат со модули со излезна моќност над 500 W.
Меѓу другите во списокот се и следните производители:
Jolywood, 615 W
Risen Solar, 615 W
Jinko Solar, 610 W
Suntech, 605 W
Haitai, 600 W
Talesun, 590 W
CSI, 590 W
Eging PV, 545 W
Longi, 540 W
Seraphim, 530 W
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *