Иднината на следните генерации во земјоделството

Published by admin on

Францускиот конзорциум Sun’Agri и RGreen Invest инвестира 1 милијарда евра во агроволтаични проекти, насочени кон распоредување на околу 300 агроволтаични проекти во Франција до 2025 година.
Иако веќе постојат разни решенија за да се избегне изградба на PV на земјоделско земјиште, како што се агроволтаиците, главниот предизвик е да се направат парцелите достапни за производство на земјоделците, преку иновативни решенија што овозможуваат подобрување на земјоделските приноси на 1.500 – 2.000 хектари.
Ваквите системи, благодарејќи на инсталираната инфраструктура и технологија што ја применуваат, можат да постигнат заштеда на вода за околу 20% и да го оптимизираат растот на култивирани растенија заштитени од климатските опасности.
Земјоделците се убедени во потребата да ги прилагодат своите посеви, и за таквата иницијатива ги мобилизираа сите фактори кои се зависни едни од други за постигнување на взаемен успех и мобилизирање на францускиот еко систем: земјоделци, банки, осигурителни компании, заедници, агротехнички компании и земјоделски комори.
Управувањето со проектот има агрономска цел пред се, бидејќи земјоделското производство има приоритет пред производството на електрична енергија.
Во Македонија многу сме далеку од успешна тешка или средна индустрија, меѓутоа во голем дел нашиот систем зависи од успешноста на земјоделството.
Копирајќи ги идеите од другите напредни земји и применувајќи ги во наши услови, од земјоделството можеме да направиме водечка гранка за која можат да ни завидуваат голем број на земји кои ги немаат нашите климатски услови.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *