Идеи без граници

Published by admin on

Туристичкиот град Бајрон Беј што е на околу 160 км од Бризбејн (Австралија) ја реализира првата железничка линија во светот, целосно напојувана од соларна енергија.
Железничката компанија го управува соларниот воз со 2 вагони од декември 2017 год. на кого на покривот се инсталирани 6.5 kW флексибилни соларни панели.
Првично, возот се напојуваше со 2 дизел мотори. Едниот од нив се замени со батерија од 77 kWh со придружна електроника, а вториот дизел мотор останува во функција исклучиво во случај на вонредна состојба.
Монтирани се 2 електрични мотори со моќ од 220 kW кои го обезбедуваат главниот погон.
Возот сообраќа меѓу 2 станици по 9 пати секој ден со растојание во еден правец од 3.5 км така што со едно полнење на батеријата се добива доволна енергија практично за целиот ден.
За потребите на возот потребната енергија делумно е произведена од покривите на двата вагони, а најголемата енергија доаѓа од соларниот систем со моќ од 30 kW инсталиран на покривот на една од станиците. Вишокот на енергија се пренесува во главната енергетска мрежа.
Само од овој систем од 2018 год. на годишно ниво се произведуваат до 60 MWh ел. енергија.
Батериите на возот се полнат со 2 конвенционални трифазни полначи за ел. автомобили од 22 kW.
Поради големата тежина на вагоните, сеуште се потешка тема за усовршување, додека оваа технологија кај автобусите постанува се поатрактивна.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *