Фотоволтаични модули и нивната ефикасност

Published by admin on

Сончевите модули се срцето на фотоволтаичната инсталација, затоа што преку нив се случува конверзијата на сончевата светлина во електрична енергија.
Во последните неколку години цените на панелите многукратно се намалија (80%), така да денес се достапни на секој што сака да го има овој систем за себе, своето семејство или бизнис.
Ефикасноста на сите сончеви модули не е иста и затоа треба да се внимава при изборот на целиот систем за да не се случат непријатни изненадувања за инвеститорот.
– Поликристалните панели имаат неправилна структура на клетките и син сјај.
Изворниот материјал е кварцен песок (силикон оксид) кој е преработен, стопен и изработен во решетки исечени на парчиња. Овие силиконски ќелии се сечат на дебелина од 100 – 180 микрометри, кои подложени на дневна сончева светлина ја претвораат во електрична енергија. Овие модули денес постигнуваат приноси до 20% т.е. со ефикасност околу 18% како дел од соларната плоча.
– Монокристалните панели имаат црни клетки и се состојат од еден единечен кристал.
Овозможуваат подобар принос на ел.енергија, но се поскапи за производство. Овие модули денес постигнуваат приноси до 23 % т.е. со ефикасност околу 19% како дел од соларната плоча.
– Бифацијалните панели ја конвертираат светлината од двете страни (предна и задна).
Транспарентното стакло овозможува од задниот дел на панелот индиректно зафаќање на рефлектираната сончева светлина. Со додавање на рефлектирачки дополнителни материјали од задната страна, можно е да се постигнат дополнителни приноси до 25%
– Соларните панели со тенки филмови се многу поповолни за поголем дијапазон на надворешна температура и засенчување.
Овие панели користат исклучително фин слој на полупроводници за производство на ел. енергија. Тие имаат постојано хомогена површина и се достапни во различни нијанси и бои, кои можат да добијат ефикасност од околу 15.5%.
И покрај тоа што нивната ефикасност е сеуште значително помала од онаа на кристалните панели, тие сепак можат да произведат поголеми приноси по инсталиран киловат капацитет.
Фолиите се поповолни во случај на делумно засенчување и во сите временски услови, можат подобро да ја искористат слабата и дифузна светлина, како и сончевата светлина под агол.
За разлика од кристалните панели не мора нивната усмереност да биди директна према сонцето.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *