Енергијата од хибридните системи станува поевтина од јаглен

Published by admin on

Хибридниот систем на ветер, сонце и складирање, нуди поевтина електрична енергија од енергијата создадена од јаглен во Тамил Наду – Индија.
Новиот извештај ја утврдува можноста за хибридни проекти за складирање на ветер и сонце во однос на новите постројки за јаглен во индиските држави со висок потенцијал за обновлива енергија.
Извештајот открива дека израмнената цена на производство на електрична енергија за хипотетички хибриден систем за складирање на батерии со соларен ветерен систем, државната цена во 2021 година е 4.97 индиски рупии (0,068 УСД/kWh), со намера да паѓа до 3.4 рупии до 2030 година.
Колку за споредба, цената на електричната енергија произведена од новите централи на јаглен во Тамил Наду е помеѓу 4,5 – 6 индиски рупии/kWh.
За студијата, хибридниот систем беше дизајниран за 1 GW соларен и ветерен систем со можност за 2 часа резерва на батеријата, со планирано зголемување чекор по чекор за наредните години со 4 часовна резерва на батериите до 2030 година.
Истражувањето покажува дека додавањето на батерија за складирање на база литиум, ќе помогне сериозно да се намали ограничувањето на обновливата енергија во државата.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *