Енергетско ефикасни објекти – До каде сме ние?

Published by admin on

Архитектите и нивните здруженија бараат генерална промена и амбициозен закон во градежништвото за масовно користење на фотоволтаични фасади и балкони, при кои освен производството на чиста електрична енергија се користи и гео-термичкото производство на топлина, која има свое место во изградбатата на енергетски објекти.
Во иднина мора да се посвети што повеќе внимание како на екологијата, така и на финансискиот ефект од овие системи, во корист на самите станари, здруженијата на станари и деловните објекти.
Проценката за енергетската ефикасност ќе мора да биди составен дел од проектите за изведба на станбените и деловните објекти, така да проекти со лоша проценка за нивниот еколошки и енергетски квалитет постепено да бидат комплетно забранети.
Намерата е да енергетско ефикасните проекти бидат 60% спроведени до 2025 година, 80% до 2028 год. а до 2030 год. да се градат 100% исклучиво само енергетски еколошки проекти.
Политичарите и одговорните луѓе надлежни во енергетскиот сектор мора да го променат својот досегашен курс на делување и конечно превземат практични активности за елиминирање на климатските штети предизвикани од евтините и еколошки сомнителни материјали.
За добивање на позитивни ефекти неопходно е одржливо снабдување со енергија, што може да се постигне само ако објектите генерираат енергетски суфицит, кој се добива исклучиво само со користење на сончевата енергија во форма на фотоволтаици или соларна топлинска енергија, покрај геотермалната енергија.
Овие активности имаат за цел да се почитуваат и целите на ООН за одржлив развој, кои важат за сите земји во светот и мора да бидат имплементирани најдоцна до 2030 година.
Categories: Сите