Економски генератор во енергетскиот сектор

Published by admin on

За почист воздух, поевтина енергија, евтини производи и поголема финансиска моќ за сите нас, неопходни се генерални промени во законодавството за поефектна енергетска транзиција, во корист на зголемување на работните места и економски раст во услови на Ковид 19.
Неопходно е градежните фирми да практикуваат проектирање и инсталирање на поквалитетни изолациони градежни материјали, како и соларни панели со изведба на покрив, фасади, секој расположив паркинг итн.
Граѓаните го имаат основното право да се грижат за себе и својот стандард, со право да произведуваат и тргуваат со својата електрична енергија создадена од универзалното светлосно – топлинско тело Сонце, кое му припаѓа на целиот универзум, а не на привилегирани влади, политички структури или бизнис интереси на одредени функционери или групации.
Со тоа ќе ја имаме можноста да изградиме што поиздржливо принципиелно општество, каде секој човек ќе може да учествува лично во енергетската транзиција и да биде дел од почиста и похумана иднина за целата заедница.
Да направиме економски генератор од енергетскиот сектор, кој ќе ги искористи климатските промени во нашиот регион, во заедничка цел и економска корист за сите нас како заедница.
Ова ќе ни овозможи да ја искористиме моќта на сонцето и ја зголемиме ефикасноста на оваа технологија.
Светот има амбициозни енергетски цели од 35% создадена електрична енергија од обновливи извори до 2030 год. и 100% енергија до 2050 година, со надеж дека и ние ќе допринесиме во реализација на тие цели.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *