Еколошки електрични автобуси

Published by admin on

 

BYD еден од најголемите кинески производители на електрични возила и автобуси, доби нарачка од колумбиската престолнина Богота за испорака на 470 чисти електрични автобуси.
Автобусите беа барани како компатибилен модел соодветен за градски и приградски превоз во Богота.
Електричните автобуси ќе бидат распоредени низ 15 правци во овласта Фонтибон во Богота која испорака се очекува да биде комплетирана во 2021 година, со што 150.000 локални жители по должината на линијата ќе можат да уживаат во услугите за транспорт на чиста електрична и нулта емисија.
Ќе бидат испорачани автобуси со должина од 9 и 12 метри.
Со комплетирањето на порачката Богота ќе има 889 чисти електрични автобуси од кои 876 ќе бидат од компанијата BYD, што претставува повеќе од 98.5%.
Оваа компанија произведе и испорача електрични автобуси во над 300 градови во повеќе од 50 земји и региони на глобално ниво.
Во меѓувреме се подготвува надополнување на порачките на големите пазари вклучувајќи ги Чиле, Колумбија, Еквадор, Бразил, Барбадос, Панама, Костарика, Уругвај и Аргентина.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *