Дури и Буркина Фасо го гледа спасот во соларните системи

Published by admin on

burkina faso
Дури и владата на Буркина Фасо согледа за да се намали недостатокот од ел. енергија и се забрза енергетската транзиција во Африка, единствениот спас да го гледаат во почетна изградба на 30 MW фотоволтаични системи.
Лонги, компанија за решенија за енергетска ефикасност, енергетски услуги и фотоволтаично соларно производство, за снабдување и имплементација на проектите кои ги отпочнуваат во оваа година, ќе бидат комплетирани во наредната 2021 год. со тоа во голема мера сегашните 14 милиони луѓе што претставува 73% од вкупното население, кои се без никаква ел. енергија ќе го уживаат благодетот од оваа технологија.
За 30 MW инсталирана енергија во модули, се претпоставува дека годишното производство ќе биде повеќе од 42.000.000 kWh ел. енергија на годишно ниво со тоа што ќе реши снабдување барем делумно на повеќе од 540.000 жители на оваа сиромашна земја, на места каде нема можност за енергетско поврзување преку скапата енергетска мрежа инсталирана од странски мултинационални компании.
А дали сме ние толку богати, да купуваме скапа ел. енергија од увоз кога енергијата е во изобилство насекаде околу нас!!!
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *