Цел свет го објавува крајот на фосилните горива

Published by admin on

 

На работ на пустината во Саудиска Арабија покрај Црвеното Море, треба да се изгради футуристички град наречен Неом. Градот од 500 милијарди американски долари, полн со летачки такси и домашна роботска помош, се планира да стане дом на милион луѓе.
Водородот како енергетски производ ќе се користи за напојување на енергија на овој град а воедно ќе има изобилство и за продажба низ светот?
Наместо нафта, Саудиска Арабија ќе произведува зелен водород.
Ова произведено гориво без јаглерод е производ од обична вода, со употреба на обновена електрична енергија со разделување на молекулите на водород од молекулите на кислород.
Електричната централа ќе се напојува со четири гигавати електрична енергија од ветерни и соларни проекти кои ќе се протегаат низ пустината, со тоа што ќе се стави крај на владеењето на фосилните горива а ќе се забави и глобалното затоплување на планетата.
Потенцијалот на водородот како извор на гориво се промовирал со децении, но технологијата никогаш не излегла во вистинската светлост на денот во значителен обем, затоа што за прифаќање на зелените водни технологии потребна е обновлива енергија за да бидат и тие класифицирани како зелени.
Ова бара масовно проширување на обновливата енергија за напојување на постројките за електролиза што ја делат водата во водород и кислород.
Без оглед на начинот на производство, водородот е тежок производ за складирање и транспорт без нафтовод и поради тој недостаток засега излегува како поскап производ од другите горива, како што е природниот гас.
Покрај тоа, користењето на обновлива енергија за создавање на гориво може да помогне во решавањето на проблемот со прекини, што ги мачи енергијата на ветерот и сонцето, и затоа во суштина важно е ефикасното складирање.
Кога побарувачката за обновливи извори е мала, за време на пролетта и есента, вишокот електрична енергија може да се искористи за напојување на електролизата што е потребна за разделување на молекулите на водород и кислород, и при тоа, водородот може да се складира или испрати по цевковод.
Средниот исток, кој ја има најефтината светска ветерна и соларна енергија, сака да биде повторно главен играч во енергетскиот бизнис.
Саудиска Арабија има обновлива енергија по смешно ниска цена, сонцето свети скоро секој ден преку годината, а ветерот дува прилично моќно скоро секоја вечер, што е тешко да го достигнат останатите земји.
Зелениот водород е идентификуван како алтернатива на сите сообраќајни средства, заменувајќи ја успешно технологијата на дизел камионите, автобуси, локомотиви и авиони, со водородните ќелии.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *