Аеродромот ЏФК – Њујорк ќе биде напојуван со соларна енергија

Published by admin on

 

Агенцијата што управува со меѓународниот аеродром JFK го одобри развојот, изградбата и работењето на еден од најголемите соларни, плус системи за складирање на државата Њујорк.
Комбинацијата на соларна енергија, плус складирање на истата е веќе одобрен проект за реализизација, кој беспрекорно ќе функционира на Њујоршкиот аеродром Џон Фицџералд Кенеди, со инсталирана енергија од 12.3 MW, на паркинг настрешници кои ќе заштитуваат од сите временски услови околу 3.000 места за паркирање.
Вишокот на енергија ќе се предава во енергетската мрежа, додека основата ќе биде напојување на сите енергетски потреби на аеродромот, како и потребите за шинските шатлови AirLink JFK.
Системот вклучува складирање со батерии од 5 – 7.5 MW, што ќе бидат како подршка за балансирање на системот.
Целиот проект се очекува да ги намали емисиите на стакленички гасови на скоро 5.300 метрички тони на годишно ниво.
Проектниот тим се состои од SunPower за испорака на проектните материјали и Goldman Sachs Renewable Power LLC за финансирање на проектот, кој се очекува да кошта околу 56 милиони долари.
Изградбата ќе започне во 2021 година и се очекува да заврши до 2022 година.
Откако проектот ќе се комплетира, добиената енергија ќе им служи и на малите бизниси и жители со ниски и умерени приходи во околните заедници, која идеја е за пофалба и надеж дека и другите инвеститори низ светот ќе ја следат оваа хумана идеја.
Categories: Сите

0 Comments

Напишете коментар

Avatar placeholder

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *